Невработен босански државјанин потрошил 20 евра за грепка и освоил премија од 5 милиони евра. 57-годишниот маж купил среќка за лотарија која се вика „Макси милијардер“ не насетувајќи дека тоа ќе му го промени животот.
Судбоносната среќка ја купил во едно кафуле, во близина на италијанскиот град Варезе, а очевидци тврдат дека речиси се онесвестил од среќа во моментот кога сфатил дека освоил премија. Кога закрепнал од шокот, седнал и нарачал пијалак, а во кафулето почнала прослава.
Мажот престојува во Швајцарија, а во малото кафуле во близина на Варезе се нашол сосема случајно , пренесуваат италијанските медиуми. Инаку среќниот добитник е невработен и се издржува така што во Швајцарија има привремени ангажмани.