Само три недели престој во Дубаи биле доволни босанската пејачка Алма Туцаковиќ да донесе одлука и да стави крај на своето пеење, а сето тоа поради нејзиниот сопруг.
Инаку Алма се омажила за шеик, на кој таа му е 23. жена по ред.
– Што се однесува до естрадата, и реков збогум. Најмалку една година. Не сакам да пеам, бидејќи сум убедена дека постои друг, подобар живот, кој може да се изгради. Овде ми е преубаво. Уживам со својата пријателка, аредовно ги исполнувам сите мои брачни обврски, изјавила Алма за босанското списание “Експрес”.
Алма вели дека е 23-та жена на својот сопруг и дека има комплетна слобода.
– Јас сум неговата 23. Сопруга.Како тој да знае каде е една од нас. Ако мислите дека се шегувам, се лажете. Всушност, нема никого во ништо да убедувам. Но ви ветувам дека први ќе имате слики од мојот Шеик. Мислам дека до крајот на животот ќе останам тука. Дојдов во најбогатата земја во светот и тука останувам да живеам. Нема да ја заборавам Босна, но овде ќе се вратам. Дури сега дишам слободно, изјавилаАлма.