Бошкоски: Имам аудио снимка дека мојот случај е монтиран


На рочиштето за случајот „Ровер“, Љубе Бошкоски изјави дека поседува аудио-снимка снимени на УСБ од кои се гледа дека процесот е полициско-политичка монтажа. Го поседува од март оваа година.Судењето за случајот „Ровер“ во кој Љубе Бошкоски е обвинет за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев денеска беше одложено за јавното обвинителство да одлучи дали е надлежно за него откако одбраната побараа изземање на обвинителот.Ljubo-Boskovski-pritvoren-u-Skoplju_ca_large

Снимките и транскриптите во судница Љубе Бошкоски ги предаде на неговиот адвокат кој понатаму ќе ги препрати до специјалната обвинителка Катица Јанева.

Ова беше причина обвинителката Лидија Раичевиќ Вучкова веднаш да соопшти дека се откажува од понатамошно работење на предметот додека нејзиниот шеф Марко Зврлевски не одлучи кој ќе го работи Ровер.

– Размислував дали мојот личен интерес и моите со ништо неоправдани години на робија да бидат приоритет или приоритет да бидат државните интереси. Во оваа непроспиена ноќ одлучив да ги предадам овие материјали од кои се гледа вистината дека овој политичко-полициски процес „Ровер“ е конструиран од еден висок функционер во полицијата. Јавноста ќе биде шокирана од вокабуларот и бруталитетот на мојот прогон. Можев да побарам да го пуштат аудио материјалот, но тогаш ќе немаше да биде доказ. Го давам на адвокатот да го достави во СЈО, каде, според моите сознанија, ќе се преземе предметот – изјави Бошкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1