Бошњаковски: АСНОМ останува во Преамбулата, химната не се менува


АСНОМ останува во Преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати. Останува Прогласот на АСНОМ со сите сите донесени одлуки, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, оценувајќи ги како неточни информациите што се шират по социјалните мрежи.

Одговарајќи на новинарски прашања, Бошњаковски нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе бидат напаравени во член 3 се гаранција дека границите на Република Македонија се трајни и непроменливи.

– Процесот е во Собрание, денеска е расправата во Уставната комисија. Ве упатувам да го следите тој пороцес, истакна Бошњаковски.

Тој уште еднаш потенцира дека по ниеден основ нема да се чепка државната химна, нуту ќе се вршат интервенции во нејзиниот текст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1