Ботокс е најскапата и најсмртносна супстанца


Најотровната супстанца на светот воедно е и најскапа, а редовно се користи во козметичката индустрија, а исто така и како лек од наразлични болести. Станува збор за ботулински токсин, познат како Ботокс. Него го произведува бактеријата Clostridium botulinum, а прв пат е откриен во 18 век во лошо направени колбаси. Името го добил по латинскиот назив за колбаси – Ботулус.suvi_usni

Ботолинскиот токсин е еден од примерите на исклучително опасни отрови кои имаат корисни медицински апликации. Толку е опасен што се произведува во воени постројки, а чини околу 135 милјарди евра по килограм, што го чини најскапа супстанција на светот (која ја направиле луѓето).

И покрај фактот дека е отровна и толку скапа, побарувачката за ботокс е многу голе,а. Многу луѓе плаќаат големи суми пари за да го вбризгаат во челото за да ги испеглаат брчките. Само во 2013. година компанијата која го произведува Ботоксот продала инекции кои се вбризгуваат во чело во вредност од 1,5 милјарди евра, а самата компанија е проценета на 65 милјарди.

Според методот со кој се мери смртоносноста на супстанцијата, а која се нарекува „Медијан на смртоносна доза, LD 50”, позната како „Смртоносна доза, 50%“, ботулинскиот токсин е најотровната супстанција на светот.

LD 50 мери колку од супстанцијата би можела да убие половина од луѓето на кои им се дава (хипотетички), а тоа количество ботокс изнесува само 0,000001 mg по еден килограм од лицето. Со други зборови, околу 0.00007 mg од овој токсин може да убие човек тежок 70 килограми, или смртоносна доза за човек со просечна тежина е тешка колку еден кубен милиметар воздух.

Самата бактерија која го произведува отровот може да се пронајде во тлото и водите ширум светот, и воопшто не е опасна.

Но проблемот настанува кога ќе допре во човечкиот организам и ги нападне активните келии. Таа во тој момент почнува да произведува 7 токсини од кои 4 може да убијат човек. Бактеријата исто така може да се пронајде во медот, но за среќа нашиот организам може да го уништи пред да допре до активните келии.

Од друга страна, бебеињата немаат развиен имунолошки систем против оваа бактерија па затоа се додека не наполнат една година, не треба да им се дава мед. Противотров за ботулинскиот токсин сепак постои.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1