Кога Кејли Моран минатиот четврток шетала со ќеркичката и добила плико од постар маж, претпоставила дека се работи за некоја хуманитарна акција, а тоа што го видела внатре ја изненадило.
Следејќи го упатството на непознатиот маж да не го отвора пликото додека не и се изгуби од вид, Кејли почекала тој да исчезне во еден трговски центар во Манчестер.
Но кога го отворила не можела да им верува на сопствените очи. Во пликото имало 200 фунти, односно 250 евра.
Кејли не знае кој е таинствениот Дедо Мраз, но многу му е благодарна и вели дека парите ќе ги искористи за да ја посети мајка и за празниците и со дел ја платила надгробната плоча за нејзината баба.
-Не можам да верувам како некој може да биде толку добар. Ова многу ми значи и би сакала да и се заблагодарам на оваа личност. Во прашање е постар маж, од околу 70 години. Никогаш порано не сум го видела, ниту сум забележала дека им даде нешто на другите луѓе, вели таа.
Во пликото покрај парите, нашла и честитка во која пишувало: Ситница за тебе, се најдобро за Божиќ.