Синодот на БПЦ прифати да биде заштитник на МПЦ ОА и се заложи пред православниот свет за признавање на нејзината автокефалност. Владиците одржаа заседание во полн состав на кое едногласно било одлучено да се формира Комисија од шест членови која ќе преговара со МПЦ ОА и останатите православни цркви за конечно решение на статусот на македонската црква. Во одлуката на Синодот нема конкретен податок дали во меѓувреме бугарските владици ќе почнат да сослужуваат со македонските архиереи.
Бидејќи со писмото МПЦ ОА ја признава БПЦ за своја мајка црква, одлучивме да ја застапуваме во православниот свет за добивање на канонско признавање стои во одлуката на Синодот на БПЦ по денешната седница.
МПЦ и заблагодари на како што стои во соопштението Мајката Црква БПЦ, на бугарскиот патријарх Неофит и членовите на Светиот архиерејски Синод.
– Донесеното решение на САС на БПЦ дава надеж за конечно решавање на статусот на легитимната автофекалност на Македонската православна црква во семејството на Помесните православни цркви. Очекуваме, и во иднина, Бугарската православна црква на МПЦ-ОА да и биде постојан сотрудник во остварувањето на потребната богоугодна цел, се вели во соопштението од МПЦ-ОА.
Во соопштението посочуваат дека двете цркви имаат одговорност пред своите едноверни, благочестиви и православни народи кои споделуваат мноштво заеднички христијански вредности низ вековниот опстој.
Поддршка за Светиот синод на БПЦ да одговори позитивно денеска дадоа група новинари, академици, политичари, потомци на македонски револуционери. Непосредно пред почетокот на заседавањето пред бугарската патријаршија со транспарент „ Не отфрлајте ја подадената рака од нашите браќа од Македонија“ изразија поддршка за писмото кое го испрати МПЦ на 9ноември.
За сега сеуште нема реакции од СПЦ меѓутоа за очекување е дека деновиве ќе излезат со став по одлуката на БПЦ. На оваа одлука можно е да се спротистават и останатите православни цркви.
Инаку од 1 до 8 декември бугарскиот патријарх патува за Москва. Една од точките за кои ќе разговараат со рускиот патријарх на средбата е и денешната одлука на БПЦ. Оваа посета беше договорена во друга функција но средбата со сигурност ќе донесе нови моменти за МПЦ.