На прес конференција во Владата , Министерот за здравство Венко Филипче ги соопшти деталите за новите два случаи на заболени од коронавирус.
Станува збор за маж и жена , кои во Дебар дошле од Северна Италија. Тие се на 62 и 68 годишна возраст кои од Бреша пристигнале на 27- ми овој месец. Стигнале со автобус , а патниците се симнувале во Куманово , Скопје, Кичево и во Дебар.
Тогаш немале симмптоми , а на 3- март им се појавиле. За време на престојот дома имале контакт само со братот на жената. Сега се утврдува дали ќе биде ставен во карантин само тој човек или и другите членови на семејството. Мажот и жената се во стабилна состојба
Се прави идентификација на другите патници во автобусот , а во текто на вечерта веќе ќе има податоци за нивната состојба , како и на нивните контакти. Во автобусот имало околу 40 патници, информира Филипче. Овие податици ќе се знаат до утре. Вечерва сопружниците ќе бидат префрлени на Инфективната клиника во Скопје од болницата Дебар , рече министерот Филипче.