Анонимната калифорниска брачна двојка кои во својот двор благодарејќи на нивниот пес најдоа буквално грниња со скапи златни стари монети веќе заработија неколку милиони долари во првите 24 часа од наддавањето за нив, додека целокупното богатство се проценува на повеќе од 10 милиони американски долари, пренесува Макфакс.
Лудо среќната двојка ги пронајде монетите закопани во градината благодарејќи на нивниот љубопитен пес. Во осум метални кутии биле сочувани 1.400 монети од XIX век, а три месеца подоцна во првите 24 часа од аукцијата, заработиле неколку милиони долари, соопшти Дон Кагин од аукциската агенција Kagin’s Inc, специјализирана за нумизматика.
„Никогаш не се надевав на нешто вакво. А сепак, истовремено, се чувствувам некако чудно како за ова да се подготвував целиот живот”, се доверил еден од сопружници чиј идентитет не се открива.
Среќната двојка преку Кaгин во времето на пронаоѓањето на монетите соопшти дека има намера да продаде поголем дел од златниците, а некои да ги подари на нумизматички музеи, а со добиените пари да им помогнат на сиромашните сограѓани
Една кованица од 20 долари од 1897 година со двоглав орел, која обично чини 4.250 долари е продадена за 15 илјади долари. Кованиците од 5, 10 и 20 долари номинално вредат по 27 илјади долари, но многу се ретки и добро се зачувани што некои парчиња се очекуваат да бидат продадени поединечно за милион долари. Се очекува дека целокупната збирка може да постигне повеќе од десет милиони долари, смета весникот The USA Today.
Околу 60 монети е бидат изложени во зградата „ Old Mint Building” во центарот на Сан Франциско, а со дел од парите заработени од аукцијата ќе се финансира нејзиното реставрирање.
Во моментот кога беа пронајдени во местото Садл Ридџ чие име долго не се откриваше од страв да не стане цел на некоја нова „златна треска”, весникот The San Francisco Chronicle пишуваше дека монетите најверојатно потекнуваат од Ковачницата на пари во Сан Франциско која била ограбена пред стотина години, но оваа теорија никогаш не е потврдена.
Во американската сојузна држава Калифорнија на почетокот од март годинава беа откриени 1.427 стари златни монети првично проценети на вкупна вредност од 10 милиони долари, откако кучето двојката почнало да копа во дворот недалеку од нивниот дом и под едно дрво ископало пет лименки до врвот полни со златници кои потекнуваат од периодот меѓу 1847 и 1894 година. Двојката пронашла околу 1.400 златници од 20 долари, 50 од по десет долари и четири од по пет долари.
Една од теориите коишто се развија во САД е дека бандата на легендарниот одметник од американскиот Див запад Џеси Џејмс го закопала богатството со надеж дека еден ден ќе ја финансира втората американска граѓанска војна. Според друга, пак, станува збор за злато коешто му припаѓало на ограбувачот Блек Бар кој е познат по тоа што пишувал стихови во паузите меѓу два грабежа на поштенски кочии.
Сепак, најмногу медиумско внимание ѝ е посветено на теоријата според којашто станува збор за златници коишто главниот благајник Волтер Димик ги украл од ковачницата во Сан Франциско 1901 година, а кои никогаш не се пронајдени. Димик украл шест запечатени вреќи со златници од кои секојга содржела по 250 златници од по 20 долари. Претставниците на американскиот нумизматички завод соопштија дека не располагаат со никакви податоци за евентуалната поврзаност на пронајдените златници со грабеж на која и да е американска ковачница на монети.
Професионалниот нумизматичар Дејвид Кол од градот Саната Ана потврди пред извесно време дека се најдени повеќе од 1.427 монети, од кои некои од монетите, според него, се проценуваат на 27 илјади долари, но има и такви чијашто вредноста надминува милиони долари.
„Станува збор за неверојатно единствено откритие, можам да кажам дека тие го нашле ќупот со злато на крајот од виножитото”, изјави познатиот американски колекционер на монети Дон Кегин кој ја организираше аукцијата изминатава седмица. Додаде дека среќната двојка побарала да останат неименувани и да не се открива точното место каде се пронајдени монетите, за да не се предизвика „златна треска” и да се привлечат илјадници вооружени со детектори за метал.
Единствено е прецизирано дека богатството е пронајдено во северниот дел од државата Калифорнија на територијата на земјиште коешто многу одамна било користено за земјоделско производство, и тоа пред една година










