Католичката црква денеска првпат во современата историја прогласи една брачна двојка за светци, а церемонијата е одржана паралелно со Синодот посветен за семејни прашања.
Папата Франциско ги канонизарал Луј Мартин и Мари Азели Герин, кои се избрани за да ја истакнат клучната улога која родителите ја имаат во физичкото и духовното одгледување на своите деца.
Брачната двојка имале девет деца, од кои само пет девојчиња преживеале.
Сите пет станале калуѓерки, вклучувајќи ја и најмладата Тереза, која починала во 1897 година на 24-годишна возраст и станала позната како света Тереза од Лизија.