Брајан Хојт Ји поднесе оставка


Заменик-помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји поднесе оставка од функцијата, соопти денеска Стејт департментот.

Хојт Ји, за напуштањето на функцијата ги известил неговите колеги во американското Министерство за надворешни работи.

Тој на позицијата беше назначен во 2013 година.

Според непотврдени информации, за негов наследник ќе биде назначен некогашниот шеф на мисијата на Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во Босна и Херцеговина, Џонантан Мур.

Како што претходно јави МИА, постојат шпекулации дека Хојт Ју ќе биде назначен за нов амбасадор на САД во Босна и Херцеговина, иако претходно се тврдеше дека тој ќе биде амбасадор во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1