Браќа од Сарај грабнале скопјанка – Ја тепале и и барале 2.000 евра


СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје ги предаде И.И. (37) и Н.И. (27) двајцата од с.Сарај – скопско, за сторено кривично дело „грабнување“. Во врска со тоа од страна на Истражен судија на првопријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена.

tepacka1-1-Имено, делото  е извршено на тој начин што на 25.09.2013 година, околу 20,00 часот на ул.„Војдан Чернодрински“ во Скопје, И.И.  ја пресретнал Е.М.(38) од Скопје,  на излезот од осигурителната компанија „Теле Брокер“ лоцирана во објектот „ЈЕТИ„ во близина на пазарот Бит Пазар, при што ја фатил за рака и заканувајќи и се да не вика и да не бара помош и наредил да се упати кон нејзиното патничко возило „Фолцваген Поло“ со скопски регистерски таблички кое било паркирано во непосредна близина.

До  споменатото возило се наоѓал и неговиот брат Н.И. и кога  пристигнале пред возилото, И.И. почнал да и се заканува по животот , барајќи од Е.М. да им даде 2000 евра, при што и удрил шлаканица и насилно ја внел во нејзиното возило.

За цело време, со нив се движела и Р. С.(33) од Скопје,  која требало да си оди заедно со Е.М. дома, а во моментот додека траел настанот поминала и колешка на Е.М,  која веднаш реагирала прашувајќи ја што се случува.

Притоа И.И. се свртел и и се заканил велејќи и  веднаш да си оди, по што истата од страв да не биде повредена си заминала, а воедно и Н.И. се заканил на  едно женско лице кое во моментот се нашло на местото на настанот , за да си оди, по што и тоа си заминало. По ова, И.И. влегол во ПМВ, го стартувал и се упатил кон с. Сарај, а веднаш по нив тргнал и Н.И.  со своето возило „Венто“ со скопски  регистерски таблички.

Кога пристигнале во с.Сарај, двајцата пријавени ја малтретирале и физички ја нападнале Е.М. заканувајќи и се дека доколку не им даде 2000 евра, ќе и го запалат нејзиното возило. Истите  паричните средства и ги побарале, под изговор дека немаат пари и неможат децата да ги прехранат, а таа морала да им помогне бидејќи од претходно знаеле дека  имала земено кредит.

По ова, пријавените насилно ја качиле Е.М. во  возило „Венто“ и ја однеле до пред нејзиниот дом, со цел истата да земе пари од дома и да им ги даде, но откако по околу пет до десет минути  виделе дека  не излегува од дома, го напуштиле лице местото, а  Е.М. настанот телефонски  го пријавила во полиција, по што  набрзо истите се пронајдени.

Инаку и претходно  И.И. е кривично пријавуван за сторени кривични дела,  повеќето од областа на имотните деликти, додека Н.И. досега не е кривично пријавуван.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1