Браќа по лоповлук: Србин и Хрват со украдено „бмв“ фатени во Македонија


Србин и Хрват биле уапсени на граничниот премин Табановце кога цариниците откриле дека автомобилот „бмв“, што го управувале, бил украден и поседувале фалсификувани австриски сообраќајни документи.

lisiciПолицијата против З.М. (39) од Србија и против Хрватот А.Ѓ. (27) поднела кривична пријава за фалсификување исправа. Истражен судија им одредил притвор од 30 дена.

Истрагата утврдила дека двајцата во март годинава во Србија украле автомобил „бмв“, по што го отстраниле оригиналниот фабрички број на шасијата на возилото и вметнале друг број.

Потоа од непознато лице набавиле фалсификувана табличка со австриски национални ознаки и ја поставиле на возилото. Двајцата набавиле и бланко-австриска сообраќајна дозвола и меѓународна карта за осигурување на возилото. Минатиот четврток Србинот и Хрватот дошле на граничниот премин Табановце за влез во Македонија и се јавиле за пасошка контрола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1