Не помина предлогот на владеачката ВМРО – ДПМНЕ, поднесен од Влатко Ѓорчев за уставни измени според кои бракот ќе се регулира како заедница на маж и жена.
47 пратеници гласаа ЗА, против беа 26, а 12 воздржани. Поддршка на Предлогот дадоа пратениците од ВМРО ДПМНЕ , против беа СДСМ и ДПА, додека од ДУИ беа воздржани.
За да се донесат уставните измени потребно е двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници.
Пратеникот Владимир Ѓорчев предлогот на ВМРО – ДПМНЕ го бранеше со тврдењето дека 97% од граѓаните во Македонија ги поддржуваат овие уставни измени.