Братче и сестричка изгореле во кревет во Шутка


Две деца на возраст од три и година ипол попладенво го загубија животот во пожар кој избувна во населбата Шутка.

Според информациите, децата биле во куќата кога покривот се урнал врз нив и најверојатно се задушиле.

Децата биле на возраст од една и пол и три години.  Засега не се знае од што бил предизвикан пожарот. Во собата првично не бил најден изворот на пожарот но се претпоставува дека можеби е од инсталацијата за струја, дознава Досие.

 Додека пожарникарите го гаснеле пожарот дошле и родителите и блиските на децата. Од шокот и кога разбрале дека најмалите од семејтсвото изгореле паднале во шок и со возило на Итна медицинска помош се однесени во болница.

Семејството има уште две деца за кои се уште не јасно како се спасиле и дали биле во собата. Децата биле остваени сами дома додека родителите биле излезени да завршат секојдневни обрски.

За семејството ова не е прв пожар со кој се соочуваат. Пред неколку години на истото место им изгoрела куќата, но тогаш немало жртви.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1