Братот на косовскиот бизнисмен Висар Дегај кој загина во авионската несреќа близу Велес во последен момент ја избегнал трагедијата.
Според информациите на медиумите во авионот биле 4 италијански и двајца државјани на Косово, но точната информација е дека сите патници и пилотот се Италијани, само еден од патниците има двојно државјанство, косовско и италијанско, објави порталот.
Забуна, како што пишува Курир, направила листата на летање каде во авионот биле пријавени двајца браќа од Косово, но едниот брат во последен момент се прекачил во друг авион кој слетал во Загреб, а требало да пристигне во Приштина на истиот аеро- митинг.
Во несреќата животот го загуби пилотот Франческо Монтањер кој бил претседател на аматерскиот спортски аеро клуб Тревизо – објавија италијанските медиуми. Педесет и девет годишниот Монтањер важел за искусен пилот кој заедно со потпретеседателот на клубот 62 годишниот Дарио Бастасиан кој исто така почина во авионската несреќа, имале стотици часови лет.
Според италијанските медиуми жртви во авионската несреќа се и 55 годшиниот Лука Дале Муле, Ангело Калегари, брокер по професија и 43 годишната Иларија Бертио.
Сите загинати ќе бидат погребани во Италија, а едниот патник со двојно државјанство ќе биде погребан на Косово.
Два километри од селото Кожле, кај месноста Кремење, општина Петровец, во 17.40 часот авионот исчезна од радарите на контролата за летање на скопскиот аеродром. Авионот на аеродромот бил пријавен за полнење на гориво, по што требало да го продолжи летот.