Братот на Бобан Николиќ, Бојан, на Youtube ја објави целосната снимка од трагичниот настан во Куманово, кога беше прегазен 4-годишниот Алмир Алиу, пред две години на 25 јуни 2016 година, пренесе Ако.
Бобан Николиќ оттогаш се наоѓа во притвор, а во меѓувреме започна судскиот процес за дело убиство, но подоцна обвинителство , според се уште непотврдени информации, го преквалификувало делото во убиство без умисла или сообраќајна несреќа со смртни последици.
Снимката е од почеток , а не како претходната едитирана и поставена на youtube , со цел брат ми да се прикаже како убиец. Јасно се гледа како влегуваме во возилото и до нас дотрчуваат Седат Алиу и неговите браќа, ја кршат шофершајбната , а ние во обид да ги избегнеме, продолжуваме право, тие трчајќи не бркаат, завршивме во слепа улица и да се вратиме назад несакајќи, за жал, удривме во столбот кадешто стои малиот Алмир. Две години поминаа, брат ми се уште е во притвор, со цел да се осуди за убиство со умисла, а јасно се гледа на снимката дека се работи за несреќен случај. Единствениот виновник за смртта на детето е неговиот татко Седат Алиу“-пишува Бобан Николиќ.
Во продолжение целосната снимка од трагичниот настан, веројатно користена во судскиот процес: