kili bratОсновите по кои му е определен притворот се – опасност од бегство и од повторување на делото.

Владимир Поп Христов е осомничен за нелегално производство на канабис во викендичка во Визбегово. Во времето на акцијата, Поп Христов беше во Грција.

Судскиот процес против Кирил Поп Христов-Кили заврши минатиот месец, а актерот беше осуден на една година затвор. Против неговиот брат судската постапка е одвоена.

Во викендичката во Визбегово полицијата пронајде 80-тина саксии засадени со канабис, а Кили тврдеше дека не станува збор за канабис сатива наменет за продажба туку за растението канабис индика од која сакал да прави масло за лекување на канцер за сопствени потреби.