Братот на Ким Јонг Ун се журка на концерт во Лондон – избркан е од Кореја зошто е феминизиран


Постариот брат на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, на кој не му било дозволено да ја води земјата после неговиот татко затоа што бил „премногу феминизиран“, бил забележан во средата навечер на концерт на неговиот омилен музичар во Лондон.

33-годишниот Ким Јонг Чул, како и неговиот помлад брат, е познат по многуте каприци и расипнички начин на живот, а поради кантавторот Ерик Клептон, кој во неколку наврати го повикал да појде да свири во Пјонгјанг и на чиј концерт бил во средата, еднаш дури го пропуштил роденденот на неговиот татко, пренесува BBC.

kim jong un brat2

Една јапонска телевизиска екипа, успела да го „улови“ Ким Јонг-чул, постар брат на лидерот, во моментот додека влегувал во концертната сала, како и деталот кога бил заштитен од бројни телохранители, кога насобраните новинари се обиделе да добијат изјава од него.

Истиот човек бил и на вториот концерт на Клептон, но нема никаква официјална потврда дека станува збор за Ким-чул.

Британскиот аналитичар за Северна Кореја, Ајдан Фостер Картер изјави дека се согласува со тврдењето дека „посетителот“  е братот на севернокорејскиот лидер, затоа што човекот „уловен“ од јапонската тв екипа сосема личи на оној, чија фотографија ја има видено  и на која се гледа братот на Ким Јонг-ун.

– Доколку не е тој, тогаш зашто беа потребни сите оние бројни телохранители околу него, вели Фостер Картер.brat kim jong un

Тој посочи дека Ким Јонг-чул нема никаква државничка функција, ниту е дел од тамошната власт, па за него не важат меѓународните санкции за патување во странство, како за високите севернокорејски функционери.

Потврда за престојот на братот во Лондон, дава и секогаш добро информираната јужнокорејска новинска агенција Јонхап. Агенцијата тврди дека тој престојувал во лондонскиот хотел „Челси Харбор“ каде една ноќ чини 3.300 долари, како и дека имал авионска карта за денешниот лет Лондон- осква.

Според официјалните севернокорејски податоци, Ким Јонг-чул има 33 години и е најстарото дете од четвртата сопруга на поранешниот лидер Ким Јонг-ил. Образуван е во Швајцарија, како и неговиот помлад брат, актуелниот лидер на Северна Кореја, но нивниот татко го одредил за наследник, својот помлад син, како поенергичен човек.

Истиот извор тврди дека  Ким Јонг-чул  е „сосема задоволен“ од својата позиција, дека е близок со братот и дека работи во одделението за пропаганда на Северна Кореја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1