Братот на Новак Ѓоковиќ бил во авион кој требало да слета во Брисел


Ѓорѓе Ѓоковиќ, помладиот брат на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, требало да слета на аеродромот во Брисел, кој утринава го потресоа две експлозии, поради што неговиот лет бил пренасочен.2015 China Open - Day 4

Најмладиот од браќата Ѓоковиќ за ситуацијата се огласил преку Twitter: „Требаше да слетаме на аеродромот во Брисел, кога не пренасочија поради експлозијата. Слетавме на друг аеродром недалеку од Брисел”.

Тој потоа исто така на Twitter напишал дека покрај аеродромот е затворен и автопатот кој води кон Брисел, а дека нешто подoцна бомба експлодирала и во бриселското метро.

„Целиот град е затворен, воопшто нема никаков сообраќај”, напишал помладиот Ѓоковиќ.

За потседување, во раните утрински часови во вторникот, на аеродромот во Брисел експлодирале две бомби, а според извештаите на светските медиуми загинале најмалку 17 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1