Братот на терористот од Ница: Не верувам дека Мохамед го изврши нападот, тој дури не се ни молеше


Џабер Булел, изјави дека не верува оти извршител на синоќешниот напад во Ница е неговиот брат Мохамед Лахоуа Булел.

– Брат ми дури не се ни молеше. Секој месец ни испраќаше пари за да направам куќата. Планираше со синот да дојде во Тунис на одмор. Досега никој не потврди официјално, дека станува збор за брат ми. Може да е друг човек со исто име и презиме, истакна Џабер Булел за туниските медиуми.ubiec2

Претходно, француската полиција ја приведе поранешната сопруга на Мохамед Лахоуа Булел (31), кој го изврши вчерашниот напад во Ница, при што загинаа најмалку 84.

Меѓу загинатите, тројца, од кои две деца, беа државјани на Алжир, во нападот загинаа и тројца Мароканци – 13-годишно дете и две жени, а уште едно дете од Мароко е тешко повредено. Меѓу жртвите се и жена и дете од Швајцарија, како и православен руски свештеник и двајца негови пријатели, јавија француските медиуми.

Досега ниту една терористичка група не презеде одговорност за нападот во Ница, иако приврзаниците на Ал Каеда и на Исламска држава на социјалните мрежи го пофалија нападот.

Се уште не се познати мотивите на напаѓачот од Ница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1