Братот на главниот осомничен за терористичките напади во Париз, го повика денес да се предаде. Мохамед Абдеслам, чиј брат Салах е главниот организаторза нападите, даде изјава за француска телевизија во кој рече дека неговиот брат бил побожен, но не покажувал дека е радикален исламист.
-„Секако дека ќе го повикам да се предаде на полицијата. Најдобро би било да се предаде,за да можат правосудните органи да разјаснат точно што се случило“, рече Мохамед
Тој додаде дека неговиот брат повремено се молел и одел во џамија, но исто така носел западњачка облека како фармерки и џемпери и не покажувал знаци на радикализација.