Братот осомничен за убиството на 16 год момче – по грешка испукал со пиштолот?


Србија е завиена во црно по хоророт кој се случи за Велигден, кога ученик беше усмртен во училишен двор на местото Калѓерица. Се работи за 16-годишниот МАрко Ј. за кои сите со солзи во очите раскажуваат дека бил мирно и повлечено дете, добра ученик кој никогаш не направил никаков проблем.
marko-jakovljevic-1398186229-484367Според најновите податоци на српскиот Курир, братот на малолетникот, 20-годишниот Милош Ј. и уште двајца негови врсници, се задржани во притвор, под сомнение дека се замешани во грозоморното убиство кое се случи во понеделникот во 22 часот.
Куршумот му бил испукан од зад грб, и за жал веднаш го усмртил. Новите детали покажуваат дека најверојатно момчето било убиено по грешка. Едно од трите лица кои се приведени, рекло дека донело пиштол во училиште бидејќи некој му се заканувал. Неговиот брат во полиција кажал дека му бил свртен со грб на братот додека умирал. Кога слушнал како тој крикнал, веднаш се свртел. Несреќното момче успеало само да го довикне името на братот и за жал ги затворило очите.
Семејството на Марко е скршено од болка. Таткото вели дека од синот дознал дека неговото друго дете повеќе го нема. Вели дека бил мирно момче и со никој никогаш не кажал лош збор.
Марко утре ќе биде испратен во вечното живеалиште.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1