ФОТО: Сообраќајка во Бардовци, две лица во болница


Сообраќајна несреќа попладнево се случила на влезот од скопско Бардовци во која повредени се две лица.

soob-bardovci-500Од СВР Скопје за Курир велат дека до несреќата дошло при судир на автомобили „Рено“ и „Ровер“, двете со скопски регистерски таблички.

-Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи на автомобилите, 29-годишниот Б.А. кој го возел „Реното“ и 70-годишната В.Т. која го управувала „Роверот“, вели за Курир портпаролот на СВР СКопје, Лиза Бендевска.

Двајцата повредени се пренесени во градската болница „8-ми Септември“, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1