Ова е 3 год девојче и бебенцето кои паднаа во река во Србија – се бараат нивните тела


Тригодишната Маша Милинковиќ и нејзиниот 11 месечен брат Мартин се удавиле утринава во реката Турија во близина на српското дело Банковац. Нивната мајка Билјана тврди дека 3 годишното девојченце паднало и реката ја повлекла откако фрлала каменчиња во водата, сакајќи да ја дофати и да и помогне реката го извлекла и бебенцето од нејзините раце – не можела да им помогне на децата и дека и таа за малку ќе се удавела.

rekka deca-Ги изнесов децата до реката околу 10 часот бидејќи Маша сакаше да си игра на брегот. Фрли едно камче, но се сопна и падна во водата. Ја фатив и ја извлегов, но од рацете ми испадна и Мартин. Водата толку брзо ги повлече што не можев ништо да направам. Маша веднаш потона, а мартин го гледав како водата го носи, вели на српски Телеграф мајката на децата.

Лидерот на спасувачкиот тим, Марко Радовановиќ соопштува дека реката Турија е пребарана три пати, но од децата нема трага.

-Ја пребаравме реката, но ништо не најдовме. На некои места таа е длабока до два метри, па ако е точно тоа што го кажа мајката, дека децата паднале во реката, тогаш сигурно не се живи. Ги пребаравме и бреговите, но засега потрагата е без резултати, изјавил Радовановиќ.

Местото е обезбедено од полицијата од каде велат дека истрагата е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1