Браво: Македонецот Томи Стефановски победи на маратон во Канада


Најдобриот македонски пливачки маратонец ја освои Канада

toni_thumb_medium490_0Томи Стефановски победи на маратон во Канада, дел од светската серија. Македонскиот пливач на долги патеки прв ја мина дистанцата од 32 километри преку езерото Сен Жан, и прослави триумф пред Ксавиер Дешарне и Италијанецот Едоардо Сточино.

Вториот наш учестник на 59. издание на оваа трка, Евгениј Поп Ацев, заврши петто пласиран. Пред три дена, Поп Ацев учествуваше и на трката на 10 километри и го освои четвртото место.

Томи Стефановски е најдобриот македонски пливач на долги патеки. Во 2009 година тој го преплива Ла Манш за 7:42:32 часа.

http://www.telegraf.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1