Холивудскиот глумец Бред Пит дизајнираше намештај, јавува Ројтерс. Во дизајнирањето соработувал со американскиот дизајнер Френк Полар.
Пит се внесол во улогата на дизајнер и сакал се да е совршено. ,,Опсесивен сум по прашањето на квалитетот и тоа нездраво опсесивен,, изјавил Пит
Колекцијата со неговиот потпис содржи околу 10 парчиња разновиден намештај. А официјално ќе е преставена во Њујорк од 13 до 15 ноември.
Пит дизајнирал столови, маси, раскошен кревет и мермерна када. А Пит изјавил дека инспирација му била работата на шкотскиот архитект Чарлс Макинтош. Претходно Пит работеше и на дизајнирање на куќи за жртвите на ураганот Катрина во Њу Орлеанс во рамки на фондацијата “Make It Right”.