Првпат по официјалната венчавка, актерот Бред Пит проговори за својот брак и за пријателите. Тој објаснува дека бракот е нешто многу повеќе од обичниот потпис на хартија.
Откако неговиот пријател Џорџ Клуни се ожени изминатиов викенд, Бред објасни дека тој е многу недостапен и оти сака да биде сам, за разлика од Џорџ.
Иако потполно поинаку го доживуваме Бред, тој открива дека е тивок и повлечен.
За новиот број на списанието „GQ“, актерот додаде дека среќата е преценета затоа што ова се тешки времиња каде понекогаш губиш и добиваш.