Првата група од 149 граѓани од Авганистан преку Грузија вечерва пристигна на скопскиот аеродром, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тој посочи дека првата жена што се симна од авионот била во 39-тата недела од бременоста и со возило на Итна медицинска помош е однесена на Гинеколошката клиника во Скопје.
Раководителката на Итната медицинска помош Милица Бубало истакна дека според информациите, меѓу патниците имало уште четири трудници.
–Солидарноста која што ја најавувавме веќе неколку дена денеска ја демонстрираме на дело и им овозможуваме топло добредојде на оние што им е најпотребна. Бројката за која што ние имаме дадено согласност досега и за кое што има барање е околу 750 граѓани пред се жени и деца на вработени во овие меѓународни организации, изјави министерот Османи.