Бремена жена и нејзиното бебе инфицирани од крв преку трансфузија


Една бремена жена од Ниш добила непроверена крв која преку трансфузија ја добила на Клиничкиот центар Ниш. Крвта претходно не била тестирана на преносливи болести, а денеска можеби живее со ХИВ, сифилис, хепатитис Б или Ц, пишува српски Курир.

transfuzijaСпоред информации од Институтот, до овој заклучок дошле поради молкот на надлежната институција, но и поради фактот дека од април до сега никој не проговорил за овој трагичен настан. „Постои можност мајката и бебето да се инфицирани. Последиците се знаат, па веројатно поради тоа Институтот се обидува да ги прикрие“, тврди доктор кој работи на Институтот.

Неговото тврдење го поткрепува молкот на директорката на заводот Весна Кнежевиќ, но и Министерството за здравство, чија инспекција утврдила дека имало прекршување на постапката. Од Министерството за здравство соопштиле дека тие биле запознаени со случајот, но нагласиле дека не сакаат да коментираат се додека не дојдат документите од надворешна контрола.

Во Заводот за трансфузиологија во Ниш не одговориле ниту на прашањето дали подоцна била анализирана плазмата која ја добила мајката, како ни тоа дали ја тестирале на преносливи болести по направената грешка.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1