Малиот Виктор Живојиновиќ наводно се одлучил да отвори наргиле бар во центарот на Белград, а за да отпочне со работа, неговите родители, Лепа Брена и Боба Живојиновиќ му дадоа 50.000 евра.
По матурата, Виктор на родителите како што тврди „Курир“, барал пари за да отпочне приватен бизнис, и тие се согласиле да вложат пари. Најмладиот Живојиновиќ пронашол локал во самиот центар на Белград, на улицата Страхница Бана, позната како Силиконска долина, и ќе ја опреми по светски стандарди.
„Кога Виктор матурирал, размислувал за тоа со што би можел да се занимава. Со оглед на тоа дека обожава да оди во кафичи и ноќни клубови, дојде до идејата да отвори наргиле бар, кој во последните години е се попопуларен во Србија. Брена и Боба се согласиле со неговиот избор. Неодамна гледале локал кој им се допаднал. Тој сака голем простор за да гостите ја почувствуваат вистинската слика од Блискиот исток. Планира да уфрли и стомачни танчерки кои ќе прават хаос“, изјави пријателот на семејството Живојиновиќ.