Бренд поскапуват за 5 денари, Рондо за 3 – Ова се новите цени на цигарите


Цигарите од утре поскапуваат како резултат на зголемувањето на акцизата. Додека дел од производителите не ги откриваат деталите, државниот тутунски комбинат од Прилеп веќе ги утврди новите цени. Сите брендови на компанијата поскапуваат за пет денари, освен Рондо кој поскапува за три.

CigareteТоа значи дека Бренд отсега наместо за 50 ќе се продава за 55 денари, а за исто толку ќе поскапат и Сан Слимс, Еуропа, 19, Филтер Ориентал и Та2. За 5 денари поскапува и Марлборо, јавува Економски.

Останатите компании денес не откриваат дали и за колку ќе ги поскапaт цигарите, но неофицијално велат дека обично се следи ценовната политика на лидерот на пазарот.

Ова е прво зголемување од утврдениот акцизен календар според кој акцизата на цигарите во Македонија етапно ќе се зголемува до 2023-та година. Од први јули ќе почне постапката на зголемување на акцизата за цигари за 0,15 односно 0,20 денари годишно до 2023 година. Проценките велат дека цигарите што се продават по 50 денари, за десет години би требало да чинат 90 денари.

Ај наздравје – ПОТВРДЕНО: Струјата поскапува за 3,47%
Поскапувања: Од јули поскапа струја и цигари, од денес бензинот, а ќе поскапе и храната

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1