Брендовите кои ја надживеаја СФРЈ


Бекутан, Бамби плазма бисквитите, мотоциклите Томос, вегетата на Подравка и домашните апарати на Горење, се брендови кои се востановени во поранешна Југославија, а опстојуваат и до денес.

Во анализата што ја направи „Ал Џезира“ наведува дека за време на поранешна Југославија многу брендови изградија имиџ и препознатлив квалитет кој им помогна да се одржат на пазарот. Меѓутоа во процесот на транзиција одредени компании наидоа на многу проблеми во понатамошно функционирање, што ги натера да ја променат стратегијата на работење.

jugoslavija-brendovi500

Подравкината вегета е создадена на крајот на педесетите години, а денес се продава во 40 земји во светот.

Српскиот бренд Бамби во 1970 година произведувал 16 милиони кутии бисквити, додека денес произведува 70 милиони.

Македонскиот Бекутан, чиј рецепт се чува како најголема деловна тајна, е еден од најголемите брендови во регионот. Бекутан постои 36 години, а се проценува дека до сега се продадени над 45 милиони креми.

Горење почнува со работа со околу 11 вработени. Денеска работи и на азискиот пазар, а планира и понатаму експанзија на други континенти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1