Бриселската тројка ќе се убедува со Груевски – Ховит, Вајгел и Кукан во Македонија


Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан ќе допатуваат во Скопје, дознава „Мета“ од извори од Брисел.

Бриселската тројка, која заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваше во носењето на Договорот од Пржино, во текот на утрешниот ден ќе се обиде да ги приближи ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите. Засега нема информации дали европратениците ќе имаат и заедничка средба со лидерите на политичките партии.vajgl-kukan-hovit-860x680

Посетата доаѓа два дена откако ЕУ и САД оценија дека засега не се создадени услови за одржување избори на 24 април и по ставот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествуваат на преговори на кои ќе посредува белгискиот експерт Питер Ванхауте.

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со став дека меѓународните претставници не понудиле цврсти докази дека нема услови за избори во април.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1