Британец има мисија: Да ги спаси “југо“ и “101“ од заборав


Фил Даст, наставник по физика и хемија во Ипстон, Англија, ги обожува возилата на “Застава“, а во Велика Британија го основал клубот на љубители на “југо“.  За Волстрит Журнал објаснува дека “југо“ е најдоброто возило кое е направено во Источниот блок. Но, тој има необична визија. Овој љубител на автомобили Застава сака возилата како што се Југото и Застава 101 да ги спаси да не паднат во заборав, но и да ги врати во “шема”.Jugo-foto-1-480x319

Овој учител тврди дека возилата како “Стоеден” се пред изумирање, а тој има план тоа да го спречи.

“Кога во 2010-та година го основав клубот кој ги собира сопствениците на Југо и Застава 101 дојдовме до заклучок дека на британските патишта се наоѓаат се’ на се’ 25 од овие автомобили”, зборува Даст за The Wall Street Journal и објаснува дека ваквите возила станале познати во Британија во текот на 80-тите кога фабриката од Крагуевац ги извезувала своите автомобили во земјите од Западна Европа.

“Тоа беа најевтините модели на британскиот пазар, но токму поради нивната мала вредност, сопствениците за нив не се грижеа доволно, па автомобилите за кратко време пропаѓаа”, зборува Даст и продолжува: “Југото почна да го бие лош глас по несреќата која се случи во САД во 1989-та година кога поради силен ветер една жена слета со автомобилот во езеро од мостот во Мичиген, но судбината му беше запечатена со почетокот на деведесеттите и со распаѓањето на поранешна Југославија”.Jugo-foto-3-480x319

“Автомобилите набрзо започнале да исчезнуваат од американските и британските улици, а продавачите, откако била прекината испораката на резервните делови, биле принудени преостанатите возила да ги расклопат за да имаат делови за сервисирање и редовно одржување”, објаснува Даст.

Неговата фасцинација со Југо и Застава започнала сосема случајно. Всушност, тој сакал да му купи на својот син автомобил преку eBay и тогаш за прв пат од поблиску се запознал со Југото. Очигледно му се допаднало толку многу што си набавил дури четири.Jugo-foto-2

Еден од нив е и моделот кој во Британија е познат како Yugo 311, а ние го знаеме како Застава 101. Тоа воедно е и најновиот примерок во неговата колекција. “Жолтиот Стоеден” 28 години бил заборавен во една гаража, се додека не го открил Даст.

“Го откупив за 150 фунти од една жена, а потоа го измив и го однесов до сервис каде што му ги заменија кочниците. Автомобилот сега е подготвен за своето прво возење во последните 28 години”, раскажува гордиот сопственик и основач на клубот “Љубители на Застава возила”, чие мото гласи: “Некој мора да се погрижи за овие автомобили, инаку тие засекогаш ќе исчезнат”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1