Докторке ми велевте дека е тешко да се смени инсулинот – сега велите не е спорно да се сменел производителот.


Битолчанката Ели Пиритова Секуловска долгогодишен дијабетичар преку фб јавно и се обрака на докторката Перцан од клиниката за ендокринологија испровоцирана од тврдењето на докторката за Слободен печат дека не е никаков проблем што ке се смени производителот на инсулин и наместо од Новонордиск како што е со години министерот Тодоров решил да се нуди инсулинот од американско производство што го носи Фарма Трејд фирма наводно блиска со владеачката структура.Еве што ја потестува и што и забележува електроинженерот Ели на докторката која го следи и лекува долги години нејзиниот дијабет.

ДРАГА ДОКТОРКЕ ВИКТОРИЈА ПЕРЦАН!

ВИЕ МЕ ПРИМИВТЕ УШТЕ ПРЕД 25 ГОДИНИ ,КАКО ДЕТЕ , КОГА ГО ДОБИВ ДИЈАБЕТОТ ТИП 1, КОЈ ШТО Е ИСКЛУЧИВО ИНСУЛИНОЗАВИСЕН! ВИЕ МЕ ВОДЕВТЕ ,ВИЕ МЕ НАУЧИВТЕ КАКО ДА ЖИВЕАМ И СЕ БОРАМ СО ОВАА ТЕШКА БОЛЕСТ.И САМИТЕ ЗНАЕТЕ КОЛКУ ЕДУЦИРАНОСТ ТРЕБА ,КОЛКАВА КОНТРОЛА И КОЛКАВА СОРАБОТКА МЕЃУ ЛЕКАРОТ И ПАЦИЕНТОТ КАКО БИ СЕ ОДРЖУВАЛО НОРМАЛНОТО НИВО НА ШЕЌЕР ВО КРВ И КАКО ДА НЕ СЕ ДОБИЈАТ КОМПЛИКАЦИИ ШТО ОВАА БОЛЕСТ ГИ НОСИ КАКО ПОСЛЕДИЦА.insulin

НО МЕ ЗАЧУДУВА ФАКТОТ ШТО КАКО СЕГАШЕН ШЕФ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ДИЈАБЕТЕС ПРИ КЛИНИКАТА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА , ВИЕ ОСВЕН ДЕНЕС НИКОГАШ НЕ СЕ ОГЛАСИВТЕ ВО ЈАВНОСТА ДА ПРОГОВОРИТЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА ДЕНЕШНОТО ЈАВНО ЗДРАВСТВО И ГРИЖАТА ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ ТУКУ . СЕ ОГЛАСУВАТЕ САМО КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ ТЕНДЕР ???????

А ИМА МНОГУ ШТО ДА СЕ КАЖЕ КОЛКУ Е КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБАТА НА ДЕНЕШНИОТ ДИЈАБЕТИЧАР , ПОГОТОВО АКО СТАНУВА ЗБОР ЗА ИНСУЛИНОЗАВИСЕН ДИЈАБЕТ , КАДЕ ШТО СЕ ПРИСУТНИ СЕКОЈДНЕВНИ ИСКЛУЧИТЕЛНО ГОЛЕМИ ВАРИЈАЦИИ НА ШЕКЕРОТ ВО КРВ , ПОГОТОВО КАЈ ДЕЦАТА ВО ПУБЕРТЕТ.ДЕНЕС,НА МНОГУ ОД ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ , И УШТЕ АКО СЕ ОД ПРОВИНЦИЈА , НЕ ИМ СЕ ПОЗНАТИ ПОИМИТЕ КАКО “КЕТОАЦИДОЗА” ИЛИ “РЕАКТИВНА ХИПЕРГЛИКЕМИЈА” .МНОГУ ОД НИВ НЕ СЕ ИНФОРМИРАНИ , ЗАТОА ШТО НЕМА КОЈ ДА ГИ ИНФОРМИРА , НЕМА КОЈ ДА ГИ НАУЧИ , ТУКУ КОЈ КАКО ЗНАЕ ТРЕБА ДА СЕ СНАОЃА И УЧИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ .

ЗАТОА ШТО ВО ХРВАТСКА СЕКОЈ ПАЦИЕНТ-ДИЈАБЕТИЧАР ИМА СВОЈА СЕСТРА- ЕДУКАТОР ,НА КОЈАШТО ВО БИЛО КОЕ ВРЕМЕ МОЖЕ ДА И СЕ ОБРАТИТЕ .ЗАТОА ШТО КАЈ НАС НЕМА ДИЕТЕТИЧАРИ ,ЗА ДА ГИ НАУЧАТ ПАЦИЕНТИТЕ КАКО ,КОЛКУ И СО ШТО ДА СЕ ХРАНАТ, ,ЗАТОА ШТО НЕМА КОЈ ДА ИМ КАЖЕ КОЛКУ Е ВАЖЕН ТРИАГОЛНИКОТ ИСХРАНА , ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ , ИНСУЛИН И ДЕКА АКО ЕДНА КАРИКА СЕ ОТКИНЕ , СЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОРЕМЕТИ ,ЗАТОА ШТО НЕМА КОЈ ДА ИМ КАЖЕ КОЈА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ Е КОНТРАИНСУЛАРНА !КАДЕ СТЕ ДОКТОРКЕ ДА ИЗЛЕЗЕТЕИ ДА ГО КАЖЕТЕ СЕВО ОВА ?ЗАР ИМА МАЛКУ РАБОТИ ДА СЕ КАЖАТ?

И ДЕНЕС СЕ ОГЛАСУВАТЕ ВО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ И ВЕЛИТЕ ДЕКА ПРЕМИНУВАЊЕТО ОД ЕДЕН ТИП НА ТЕРАПИЈА НА ДРУГ ТИП (А ТУКА СТАНУВА ЗБОР НЕ САМО НА ПРОМЕНА НА ТЕРАПИЈАТА ОД ЕДЕН ВИД НА ИНСУЛИН НА ДРУГ , ТУКУ СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРОМЕНА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ), ДЕКА НЕМАЛО ДА ИМА ПРОБЛЕМ !ВИЕ И САМИ ЗНАЕТЕ КОЛКУ МНОГУ ИМАВ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА НИВОТО НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВ КОГА ПРЕМИНУВАВ ОД ЕДЕН ТИП НА ИНСУЛИН НА ДРУГ (И ТОА СТАНУВАШЕ ЗБОР ЗА ИСТИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ , ЗАТОА ШТО ВО МАКЕДОНИЈА СО ГОДИНИ КАКО И ВО ЦЕЛА ЕВРОПА СЕ УПОТРЕБУВА ИСКЛУЧИВО ИНСУЛИНОТ НА НОВОНОРДИСК).,И САМИ ЗНАЕТЕ КОЛКУ Е ТЕШКО ДА СЕ ОДБЕРИ ТИПОТ НА ИНСУЛИНОТ ЗА ЕДЕН ПАЦИЕНТ И ДА СЕ ОДРЕДАТ ДОЗИТЕ !ПА ВАШИ БЕА ЗБОРОВИТЕ КОГА МИ ВЕЛЕВТЕ СЕГА КОГА ЌЕ ПРЕМИНЕШ ОД ЕДЕН ТИП НА ИНСУЛИН НА ДРУГ , ОЧЕКУВАЈ ОВАЈ ПЕРИОД ДА ИМАШ ДЕСТИБИЛИЗАЦИЈА НА ШЕЌЕРОТ .Е СЕГА САКАТЕ ДА КАЖЕТЕ ДЕКА ОНАКА НЕМА ПРОБЛЕМ ДА СЕ СМЕНИ ДУРИ И ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА ИНСУЛИНОТ ???????/

ЈАСНО ВИ Е ДОКТОРКЕ ЗА ЕДЕН ПАЦИЕНТ СЕГА , КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДРЕДИ ТИПОТ НА ИНСУЛИН И ДОЗИТЕ ОД НОВИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ??А ШТО ЌЕ ПРАВИТЕ И СО ДЕЦАТА ВО ПУБЕРТЕТ , КЕ БИДАТ ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ГЛУВЦИ???

МА НЕМОЈТЕ , ДРАГА ДОКТОРКЕ! И ЗОШТО , САКАМ ДА ПРАШАМ , ЗОШТО ПОСЛЕ ТОЛКУ ГОДИНИ УПОТРЕБА НА ИНСУЛИНИТЕ ОД НОВОНОРДИСК , СЕГА ЌЕ СЕ МЕНУВА И ПРОИЗВОДИТЕЛОТ????????МНОГУ ПРАШАЊА , МАЛКУ ОДГОВОРИ,ДРАГА ДОКТОРКЕ

Либертас.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1