Како заминала 15 год македонка во Сирија – кој и помогнал – исповед на дедото


„Мојата внука не е единствената што е регрутирана во Сирија“ тврди дедото на девојчето што на 15 јули избегало од Македонија. Семејството сакало веднаш да ја алармира јавноста, но по совет на македонската полиција два месеца молчеле за случајот.

– За случајот со мојата 15-годишна внука која избега од Македонија во Сирија на 15 јули, сакав веднаш да ги алармирам медиумите и јавноста, но полицијата ме советуваше да молчам, да не и наштетам на истрагата. Ме уверуваа дека девојчето ќе се врати – вели В.Ж. од Скопје, дедо на 15 годишно девојче, кое според сите досегашни информации заминало за Сирија, пишува  БИРН

burka muslimДоказите што белгиската полиција ги собрала во Лиеж, заедно со полицијата во Франција, каде живее другарка на избеганото девојче, упатуваат, според нашиот соговорник на запрепастувачки информации дека нивната внука не е единствена регрутирана да замине за Сирија.- Најмалку седум деца на возраст од 10, 13 и 15 години се заминати, тоа го откривме подоцна, проверувајќи ги сите докази до кои дојдовме благодарение на европските полиции, вклучително и снимките од камерите на скопскиот аеродром – вели нашиот соговорник.

Според тоа што ни беше презентирано од сведоштвото на семејството, девојчето заедно со постарата сестра, внуки на В.Ж, на возраст од 15 и 19 години во Скопје пристигнале по завршување на учебната година во Белгија. Нивните родители поради работни обврски останале во Лиеж, од каде што требало да дојдат подоцна. Децата секое лето доаѓале во Македонија и престојувале подолг период во летните месеци, па така и годинава, дошле кај нивнита баба и дедо.

Сè било нормално, не забележале никакви разлики или невообичаено однесување, а внуката во Македонија го прославила и нејзиниот 15 роденден, неколку дена пред да замине од дома, ни раскажува дедото.501426-burka

– Ние откривме дека нашата внука заминала од дома, утрото, кога нејзе ја немаше дома и дел од нејзините работи. Недостасуваше пасошот од нејзината постара сестра, со чиј идентитет заминала. Веднаш се упативме во полициската станица во Ѓорче Петров да го пријавиме случајот. Тоа беше време кога авионот за Истанбул уште бил во воздух и ако реагираше полицијата соодветно, случајот можеше да има друга завршница. Но, за нас беше шок кога во полицијата ни рекоа дека не можат да направат ништо, додека не поминат 24 часа, колку што требало да помине за некое лице да се пријави за исчезнато.

За тоа време девојчето, кое е малолетно успеа да замине во Сирија, а ние се убедувавме со полицијата која ни ги кажуваше процедурите. Од полицијата во Ѓорче Петров не упатија да пријавиме во полициската станица на аеродромот „Александар Велики“ – вели В. Ж.

Според истрагата што семејството ја спровело подоцна девојчето рано утрото повикало такси и со утринскиот лет на комапнијата „Туркиш Ерлајнс“ заминало за Истанбул. Имала купено повратен билет на релација Скопје-Истанбул-Скопје, на кој пишувало дека ќе се врати за една недела. Снимките од безбедносните камери на аеродромот покажале дека кога поминувала на пасошка контрола, пребарувала нешто во чанатата, и на тој начин, погледот и главата и биле спуштени надолу, па најверојатно полицаецот не ја забележал разликата на фотографијата од пасошот и нејзиниот изглед.

Семејството тврди дека меѓу сестрите има видлива разлика. Наводно, МВР го суспендирало полицаецот кој бил на смена на пасошка контрола, но полицијата не ни ја потврди оваа информација.

Првично било утврдено дека во близина на девојчето во аеродромската зграда седи жена со шамија на глава, па сомневањата биле дека таа е водач на девојчето на патот кон Сирија.Меѓутоа, според сознанијата на БИРН добиени од извори во безбедносните служби зад заминувањето на девојчето најверојатно стои група од три лица од Белгија. Тие, според нашите извори, ден претходно, на 14 јули пристигнале од Белгија во Македонија, а отпатувале утрото на 15 јули со истиот авион во кој било и девојчето.- Сите сомневања се дека тие лица дошле за оваа цел, бидејќи од Истанбул патот го продолжиле кон Анкара, а од таму кон Сирија – открива нашиот извор.МВР не можеше да ги потврди овие информации тврдејќи дека нема сознија „дали девојчето на летот за Истанбул имало придружба“.

Дваесетишестгодишен годишен роднина на девојката ни откри дека од доказите на белгиската полиција, пронајдена во компјутерот и комуникациите на нејзината електронска пошта семејството за прв пат дознало дека таа две години тајно посетувала исламско верско училиште во Белгија, научила да зборува арапски, да го чита Куранот, а имала и „бурка“ облека што ја носат жените која им го покрива целото тело, вклучувајќи го и лицето.

– Децата во Белгија се дружеле и со млади муслимани, но никој на тоа не обрнувал внимание, бидејќи воопшто не е важно кој од која религија или вероисповед е – наведува роднината  при нашиот разговор.Белгиската полиција открила докази  дека девојчето комуницирало и со нејзини врснички од Македонија, Белгија и Франција. Нејзина другарка на возраст од 16 години која живеела во Франција била првата која испратила порака до семејството, уште додека тие немале точна информација каде е нивната ќерка и им соопштила дека „таа почнала нов живот, во кој ќе и биде многу убаво и ќе биде среќна“.

Оваа порака, ја вклучила и  француската полиција во целиот случај, и според нашите извори, ја одвела на поголема трага, на регрутирање на девојчиња на таа возраст од околу 15-16 години на организиран начин.  Информациите на белгиската и француската полиција веднаш биле споделени  со службите на Интерпол, кој распишал потерница и ја бара девојката.Овие сознанија како и пораката што девојчето ја оставило за нејзината сестра во која таа вели „дадо, само ти ме разбираш како се чувствувам и што ми значи кога ќе ја облечам бурката“ го засилуваат впечатокот на семејството дека таа е врбувана од исламисти да оди во Сирија, но сè уште ги склопуваат коцките како и на кој начин се случило тоа.

Целата сторија на –  БИРН

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1