Британија избрзала со војната во Ирак


Велика Британија се решила на воена инвазија во Ирак пред да бидат исцрпени сите мирни решенија, се истакнува во долгоочекуваниот извештај на сер Џон Чилкот, јавуваат агенциите.

Во извештајот „Истрагата за Ирак“ се додава дека разузнавачките податоци кои ја оправдале одлуката за воената интервенција не биле доволно цврсти.bler-irak

– Процените за заканата што ја претставувал Садам Хусен беа претставени со неоправдана сигурност. Последиците од интервенцијата биле потценети, а планирањето на инвазијата било несоодветно – изјави Чилкот.

Британската армија беше вклучена во воените операции од 2003 до 2009 година и за тој период загинаа 179 Британци.

Американската војска беше многу помасовно вклучена во воените судирања, а Американците останаа и подолго во Ирак, каде загинаа 4.487 американски војници и цивили.

Претседателот на Комисијата Чилкот вели дека извештајот за британското учество во воената интервенција е работен врз основа на доказите до кои членовите на Комисијата имале пристап и сведочењето на повеќе од 100 сведоци.

Блер беше на два пати повикан како сведок, а Комисијата ги има прегледано и доверливите владини материјали, разузнавачките сознанија пред интервенцијата, како и приватната кореспонденција на Блер со тогашниот американски претседател Џорџ Буш.

Чилкот вели верува во веродостојноста на известувњато за случувањата од пред повеќе од 13 години, но инсистира дека Комисијата не е суд, а нејзините членови не се ниту судии, ниту поротници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1