Британија ја обвини Русија и Путин, за „воени злосторства“


Официјална Москва остро одговори на силните критики на Лондон за руските операции во реонот на Алепо и побара од Велика Британија да одговори за своето учество во воените ихуманитарни случувања во Сирија.putin3333

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков ги нападна Британија и нејзините западни сојузници дека не успеале да го спречат и да го запрат територијалното ширење на ИД и на терористичките групи, поврзани со мрежата на Ал Каеда, додека сириските трупи напредуваа на фронтот.

– Каде беше Британија кога ИД речиси дојде до брагот на Медитеранот, целосно претворајќи ја Сирија во терористички калифат, изјави Конашенков, инсистирајќи дека во Сирија се случува она што се случи во Либија и за тоа директно ги обвинува Британците.

Велика Британија продолжува со острите критики кон Москва и кон рускиот претседател Владмир Путин, обвинувајќи ја Русија за „воени злосторства“ сторени во Алепо, со бомбардирањето на „цивилни цели“ и со нападот врз хуманитарниот конвој на ОН, во минатиот месец.

Ендрју Мичел ја спореди руската интервенција во Алепо со нацистичкото бомбардирање на Герника, во текот н граѓанската војна во Шпанија.

Францускиот претседател Франсоа Оланд се закани дека Русија ќе биде обвинета кај Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) за сторени „воени злосторства“.

Русија ги отфрла сите овие обвинувања и тврди дека не напаѓа цивилни цели во Алепо, како и дека нема ништо заедничко со нападот на конвојот на ОН.

Претходно, владата во Лондон потврди дека британски авиони учествувале во воздушниот напад врз позициите на сириската армија, во кој беа убиени околу 70 лица, иако пред тоа уверуваше дека Британците „никогаш немале за цел напади врз сириските сили“, туку само врз терористите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1