Мутацијата на британскиот сој на вирусот СарсКов2 е присутен во Македонија. Откриен е при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во клиниката Жан Митрев.. Информацијата ја објави министерството за здравство од каде велат дека новиот тип на вирусот бил детектиран кај 46 годишен маж првиот позитивен тест го добил на 29 декември. Молекуларниот биолог кој го детектирал британскиот сој на виусот, вели дека симптомите и клиничката слика не го откриваат мутираниот коронавирус.
Од здравство велат дека мажот кој бил носител на вританскиот сој на вирусот од 22 декември веќе се води како оздравен. Тој во својата епидемиолошка анкета навел дека не патувал надвор од земјата, а не пријавил ниту други контакти.. Последниот позитивен тест го имал на 15 јануари.
Министерството за здравство нема да прави дополнителна проверка на примерокот, бидејќи како што велат лабораторијата во која е откриен била акредитирана за тестирање.. Новиот сој на вирусот, здравство ќе го бара меѓу заразените на нефрологија.