Британски агент: На човештвото му се спрема неверојатно сценарио


Д-р Бери Трауер е британски физичар специјализиран за микробранова технологија. Работел за британската воена морнарица и бил член на британската тајна служба МИ6.

Тие ќе почнат по мое мислење, најголем геноцид виден досега на оваа планета, не само на луѓето, туку и на животните и растенијата. Ќе предизвикаат уништување од глобални размери.

Пред неколку години во основните и средните училишта во САД се рашири еден чуден тренд „School Shooting“, во кој дотогаш мирни и неприметливи деца земаа оружје, влегуваа во училиштата и убиваа деца и професори. Со еден збор ужас. Секакви видови на анализа се правеле и во тоа време.beri-trauer-1413825051-583098

Дали се виновни родителите, игрите, пријателите или друштвото? Една теорија била многу необична. Многу луѓе верувале дека овие деца доживеале одредена контрола на умот, односно дека владетелите на светот случајно избрале момчиња, и по пат на „микробранови“ влегле во нивниот мозок и им кажале тоа да го направат, да станат сурови убијци. Зошто?

После тие случувања, баш како и после случувањата на 11.09 контролата во америкаските државни училишта станала неверојатна. Камери се поставени во секоја просторија, вклучувајќи ги и тоалетите. Учениците поминуваат низ разни видови прегледи и детектори пред да влезат во училиштето, а училиштето го чуваат и училишни полицајци кои не дозволуваат ниту родителите да дојдат по своето дете.

Со еден збор во училиштата е воведена апсолутна контрола која не би можела да биде оправдана без овие немили настани. Мислите дека е тешко да постои технологија која вас може да ве натера да убивате?

Д-р Бери Трауер е британски физичар специјализиран за микробранова технологија. Работел за британската воена морнарица и бил член на британската тајна служба МИ6. Трауер е вистински британски господин  и јунак ако погледнеме на кој начин со информаиите се бори за човештвото. Тој спремно зборува за едно доста тајно и смртоносно оружје кое владите ширум светот го користат да се направи геноцид врз човештвото.

Се работи за микробранова технологија која огромно мнозинство од човештвото ја носи во своите домови. Тој учествувал во создавањето на тоа оружје и од прва рака зборува за ужасите кои ги прават владите во светот врз луѓето, убивајќи ги и манипулирајќи со оваа застрашувачка теххнологија. Интервју со него направила Дебора Таверс за страната stopthecrime.net.

Поводот за интервјуто е поврзан со документ објавен во јули 2012 година на официјалната веб страна на Белата Куќа, под наслов „Користење на целосниот потенцијал на спектарот контролирани од страна на владата за поттикнување на економскиот раст“, во кој се расправа за различни аспекти на користење на безжична микробранова технологија.masina-kontrola-uma-1375311931-346745

Бери Тауер: На почетокот на шеесеттите години ме обучуваа внатрешни владини служби за микробраново војување. Во текот на годините ги проучував различните облици на микробраново војување и кога истече мојот рок за служење во војска, ме прашуваа дали можам да продолжам со своите истражување, бидејќи јас во својата работа го добив потребното знаење за таа област. Морате да знаете дека моментално се наоѓаме во нова студена војна и тоа е причина зошто земјите ширум светот тоа го развиваат. И тоа е причината зошто насекаде се поставуваат микробранови предаватели, бидејќи ако некој сака, може да ги користи за други застрашувачки цели. Факт е дека тој систем е пуштен во работа. Пред многу години нашата влада (Британска) им нареди на нашите научници кога зборуваат за микробрановите да споменуваат само топлина и ништо повеќе од тоа. Сите тоа го послушаа и не зборуваат за ништо друго, со тоа да се негира повеќе од 40 годишното истражување кое покажало дека микробрановите предизвикуваат разни видови на рак. Тие наместо да се служат со научни истражувања кои тоа го потврдуваат, лажат.

Така да тие се само лажговци и тоа може да се докаже, со одобрение од Светската здравствена организација (СЗО). Тоа се истите луѓе кои седат на ICNAP сертификатот, седат во владините агенции за јавно здравство, седат во светската здравствена организација. Тука се работи за не повеќе од 20 луѓе. Ама да, тие ќе извршат, по мое мислење најголем геноцид каков оваа планета има некогаш видено, не само на луѓето, туку и на животните и растенијата. Ќе предизвика уништување од глобални размери и за неколку стотина години ќе се сеќаваат, кој ќе преживее, што сме се обиделе да направиме да ги спречиме во таа намера.alchajmer glava mozok

Дебора Таварес: Додека поминувале низ сето ова, Бери, би сакала да ни објасниш што гледаш во овие докуманти, би те замолила бидејќи се работи за 13 страници на кои се зборува која е целта на тој микробранов спектар кој го планираат.

Бери Трауер: Една работа сакам да напоменам. Универзитетите можеби и не се виновни. И може да ви дадат пример. Владата има на располагање големи средства за финансирање на истражувања и универзитетите се пријавуваат за да ги добијат тие средства. Ќе ви дадам еден пример- Владата замоли еден универзитет да го осмисли начинот со помош на кој ќе се пренесуваат микробрановите во нечије уво, и ќе произведе звук во неговата глава кој никој друг не го слуша, единствено личноста према која се пренесуваат брановите може да го слушне.

И универзитетот соопшти дека тоа ќе им помогне на глувите бидејќи луѓето ќе зборуваат во направата и ќе можат преку неа да слушаат. За тоа слушнале и сопствениците на големите продавници кои велат дека тоа би им помогнало против крадците, би можеле да им пренесат „Ве гледаме, оставете го тоа“. „Ќе го спречиме криминалот и ќе го користиме тоа во добри намери. Не помина долго време особено војската и големите малопродажни синџири да им падне на памет: би можеле да го употребуваме тоа во наша корист.“

И така војската може да стави гласови во главите на луѓето и би направиле што ќе посакаат, а големите трговци сфатиле дека наместо да кажат „остави го тоа“, ако си неодлучен во купувањето можат да речат „навистина сакате да го купите“ и после девет месеци некој го тужил еден од најголемите трговски ланци поради пренесување, а кои оствариле феноменален профит за само шест месеци. Но случајот пропадна бидејќи Државната канцеларија за комуникација рече дека микробрановите се безопасни.

Денешен.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1