Британски научници тврдат дека нашле живот во вселената (Видео)


Научниците од британскиот универзитет Шефилд во последното издание на магазинот Journal of Cosmology објавиле дека откриле живот надвор од планетата Земја. Професорот Милтон Ваинврајт на височина од 27 километри лансирал посебно опремен балон кој на Земјата се вратил носејќи со себе биолошки организми за кои научниците веруваат дека се дојдени од вселената.

380411_vanzemaljske-bube-foto-univerzitet-sefild_ffВаинврајт за Индипендент изјавил дела 95 % е сигурен дека организмите не потекнуваат од Земјата.

„Според информациите што ги имаме, знаеме дека станува збор за организми од вселената, а не постои механизам со помош на кој овие облици на живот би можеле да се пронајдат на таа височина“ рекол тој, додавајќи дека организмите во вселената единствено би можела да ги лансира некаква ерупција на вулкан, а толку силни ерупции немало во последните пет години.

alien1_20092013_university
Тимот научници моментално спроведува истражувања за да утврди за што станува збор, а ако колегите истражувачи се сложат со студијата, тврди Ваинврајт, тогаш тоа во целост би можело да ги смени нашите погледи на биологијата и на еволуцијата.

Студијата доаѓа во време кога НАСА за магазинот „Science“ објави извештај дека Кјуриосити на Марс не пронашол трагови од метан што би значело дека мала е веројатноста на Црвената планета да бидат пронајдени нови облици на живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1