Британците гласаат за останување или заминување од ЕУ


Последната анкета на јавното мнение на Британците пред референдумот за излегување или за останување во Европската унија, што е спроведена за дневниот весник Тајмс, покажува дека заговорниците за останување во Унијата повторно се во водство.london

Во анкетата изработена вчера, 51% од испитаниците се изјасниле за Велика Британија во ЕУ, а 49% за излегување од заедницата.

Британците утрово почнаа да гласаат – во 8 часот по средноевропско време – а гласачките места ќе бидат затворени во 23 часот.

Право на глас имаат 46 милиони луѓе, а референдумското прашање гласи „Дали Обединетото кралство треба да остане членка на ЕУ или да ја напушти ЕУ?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1