Целта на мисијата е да се испрати првото Европско вселенско летало на Месечината, кое ќе биде во потрага по вода, се со цел да им помогне на астронаутите да преживеат во текот на идните посети на површината на Месечината.
Тоа може да биде заплет на научно фантастичен роман: Мисија да се најде вода на Месечината, отворајќи го патот за човекот да се насели на нејзината површина.
До 2018 година во мисијата, во која ќе биде користена Британска технологија, ќе биде испратен робот сонда, со цел да истражи дали под површината има мраз.
Пронаоѓањето на мраз ќе ги побие претходните научни ортодоксни откритија кои сугерираат дека Месечината е сува.
На 500,000,000 фунти се планирани да бидат инвестирани во ваквиот проект, а се планирани од страна на Европската вселенска агенција, на која Велика Британија е една од водечките земји.
Исто така ќе се направи обид за прв пат човекот да слета на јужниот пол на Месечината.