За 2013 година предвидени 11,000,000 долари за истражување на HAARP системот


И покрај светската економска криза која го зафати глобалниот свет, програмата за истражување на HAARP во наредната година ќе има буџет од 11,000,000 долари, со цел да се добие увид на физичките аспекти на природните феномени како што се магнетните бури и гео-физичките феномени.

Новите разбирања на овие појави би довело до тоа истите да се спознаат и да се искористат во погледот на коминикациите. Буџетот на HAARP изминатава година 2012 изнесуваше 13,000,000 долари, додека во 2011 година за истиот беа издвоени 9,000,000 долари.

Работата на HAARP станицата започна во 1993 година. Тековното работење на IRI беше завршено во 2007 година, а како главен изведувач беше BAE Systems Advanced Technologies.

Почнувајќи од 2008 година HAARP собрал околу 250 милиони долари само од даночните фондови за изградба на истиот и за оперативни трошоци.

HAARP е совршена мета за напад од страна на заговарачите на теории дека може да предизвика голем број на природни катастрофи. Голем број на научници го коментираат ваквиот проект како привлечна цел за заговори. Но, на ваквите скептици, Дејвид Наидич кратко им одговара: „Секоја цел се чини дека е длабоко мистериозна ако си научно неинформиран“.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1