Антидепресивите предизвикуваат мозочно крварење и удар


Лекарите ги судрија своите мислења – Според некои, антидепресивите предизвикуваат мозочно крварење, и хеморагичен мозочен удар

Дел од новите спроведени студии покажале дека антидепресивините таблети, се ризични, за да добиете хеморагичен удар, односно да се здобиете со крварење на мозокот.

Досега лекарите ваквите таблети ги поврзуваа со ризиците да имате крварење во желудникот, но сега се појавија и контрадикторности меѓу научниците дека истите тие можат да предизвикувачи за мозочен удар.

Во новата студија, истражувачите извлекле заклучоци од 16 неодамнешни претходни студии, спроведени на повеќе од 500 илјади луѓе, меѓу кои имало пациенти кои ги земале потребните антидепресиви како и лица кои не земале.

Генерално корисниците на антидепресиви имаат околу 40 до 50% поголема веројатност да се здобијат со крварење во мозокот, а ваквиот извештај научниците го пријавиле во весник специјализиран за неврологија.


Со ваквите наоди пак не се согласува доктор Даниел Хакман, професор по медицина на Западен Лондон.
Врз основа на ваквите бројки, може да се извлече заклучок дека до крварење на мозокот може да дојде на секои 10,000 човек кој користи антидепресиви.
Резултатите не докажуваат дека антидепресивите директно влијаат за предизвикување на мозочен удар.

Покрај тоа резултатите не докажуваат дека антидепресивите директно можат да предизвикаат крварење во мозокот. Вакво нешто е можно доколку корисниците на антидепресиви боледуваат од некаква болест, или пак имаат одредени навики кои што можат да допринесат до зголемување на шансите за добивање на мозочен удар.

Истражувачите се обиделе да ги сместат ваквите фактори во своите пресметки. Но некои од ваквите студии, кои што биле анализирани им недостигале клучни информации за тоа дали луѓето, пушеле, пиеле или пак се заболени од дијабетис.

„Ние не можеме да извлечеме заклучок доколку ги немаме во увид ваквите работи кои што можат да бидат клучни за тоа дали антидепресивните таблети можат да предизвикаат мозочно крварење или пак има и други фактори за истото заболување.

Сепак тој истакна дека луѓето кои веќе се изложени на зголемен ризик од крварењето во мозокот треба да бидат повнимателни во изборот на таблетите.

Тука ги вклучува и луѓето кои што претходно имале мозочно крварење, или пак се на лекови кои го намалуваат згрутчувањето на крвта, како на пример варфарин, или пак комбинација на аспирин и клопидогрел. Доколку на пациентите им е потребен антидепресив, Хакман предлага задолжителна консултација со својот матичен лекар пред да се земе каква било дрога.


„Вкупниот ризик е екстремно мал за просечниот пациент“, велат Емер Мгратх и Мартин Одонел, ирски професори од Националниот универзитет на Ирска.
Но, сепак додаваат.
„Ваквите резултати ја нагласуваат важноста при селекцијата на пациентите односно за тоа какви лекови на кого истите треба да му бидат препишани. Многу е важно да се избегнат погрешните упати на лекови, кои можат да влијаат многу штетно по здравјето особено на оние пациенти кои што имаат зголемени шанси да добијат крварење на мозокот.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1