Бркотница на полицијата и мигранти: Загубени се 7-годишно девојче и нејзиниот татко


Полициски службеници од Полициската станица за гранична патрола и гранична надлежност – Богородица вчера во 22 часот на клучката во село Смоквица забележале лице како товари мигранти во патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки и се упатил кон селото Удово.

При даден знак од полициските службеници возилото да застане, тоа со зголемена брзина се упатило кон Демир Капија.imigranti vrakjanje

Поради оштетување на гума, возилото застанало во близина на селото Градец, по што сите лица избегале. По извршеното пребарување на теренот биле пронајдени осум лица илегални мигранти од Сирија, кои во 1 часот се приведени во Полициската станица.

Со лицата извршен е разговор во кој изјавиле дека им се изгубило 7 годишно девојче, заедно со нејзиниот татко, кои биле со нив.

Полициски службеници пристапиле кон пребарување на поширокиот терен за пронаоѓање на девојчето и нејзиниот татко. Полициските службеници цела вечер го пребарувале теренот, а потрагата продолжила и во текот на денешниот дена каде што околу 10:30 часот се пронајдени. Во текот на денот сите пронајдени мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1