Брнабиќ: Се надевам дека Србија нема да мора да ја употреби војската


Српската премиерка Ана Брнабиќ по повод највите за формирање на Косовска војска изјави дека се надева да Србија нема да мора да ја употреби својата армија.

„Се надевам дека никогаш нема да мораме да ја употребиме нашата војска, но во моментот тоа е една од опциите на маса, бидејќи не можеме да гледаме ново етничко чистење на Србите и нови бури, иако (премиерот на Албанија) Еди Рама тоа го повикува“, истакна Ана Брнабиќ на прес конференцијата во Владата на Србија.

Таа додаде дека Србија од времето кога Александар Вучиќ станал премиер, инвестирала во подигнување на одбранбените капацитети, бидејќи тие биле девастирани.

„Кога некој знае дека имате силна војска, тогаш тој мора да седне и да разговара со вас“, наведе Брнабиќ.

Таа негира дека Србија го прекршува ЦЕФТА договорот и додаде дека била наивна кога поверувала оти албанскиот премиер дека ќе ја предупреди или ќе ја повика Приштина да се вразуми во однос на воведувањето на такси за стоки од Србија и од БиХ.

„Се согласувам со Рама, бидејќи тој призна дека е ненормално зголемување на таксите за 100 проценти“, наведе Брнабиќ, при тоа отфрлајќи ги тврдењата на Рама дека воведувањето на таксите е последица на тоа што Србија го кршела ЦЕФТА договорот.

Брнабиќ ја повика Приштина да ја покаже жалбата, која таа наводно, ја има испратено до Комитетот на ЦЕФТА, дека Србија го прекршила овој трговски договор.

„ Ако нема жалба, тогаш (премиерот на Албанија) Еди Рама свесно и намерно се обиде да ја измами јавноста во регионот дека Србија го прекршила ЦЕФТА договорот“, истакна Брнабиќ, коментирајќи ја изјавата на Рама во Загреб дека Србија прва го прекршила регионалниот трговски договор и дека Косово поради тоа се жалело.

Според српската премиерка, Србија поради таксите од 100 проценти од Приштина за српските производи, месечно губи 42 милиони евра.

„Оваа загуба не е ни блиска од она што Србите во Косово го губат поради неразумната одлука на властите во Приштина“, наведе Брнабиќ.

Таа додаде дека Србија сè уште чека објаснување дали воведувањето на такси на производите се должи на неуспешниот обид за зачленување на Косово во Интерпол или поради тоа што Србија, наводно, го прекршила ЦЕФТА договорот.

Брнабиќ посочи и дека чекорите на Приштина се „политика на 19-тиот век“ и дека Белград и Приштина имале различни визии на приоритети.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1