Бројки што ќе ви донесат здравје и среќа


Еве неколку броеви кои мора да ги знате за да бидете здрави и посреќни во животот.

srekja25
Дваесет и пет грама шеќер е дозволениот број на грамови за внос на оваа намирница. Можеби вам не ви делува многу, но тоа се всушност шест мали лажички шеќер. Сепак проблемот лежи кај другите производи кои содржат големо количество на шеќер, во што особенa предност имаат газираните пијалоци со дури 40 грама по лименка.

4
Ова е бројот на месеци колку што би требало да користите иста четкичка за заби. Се’ што ја надминува оваа бројка е апсолутно нехигиенски и ја намалува самата делотворност на четкичката, односно нејзинотa моќ на чистење.

150
Овој број се однесува на минутите кои би требало да ги минете во вeжбање, односно некоја физичка активност. Ако овој број ви изгледа голем, тогаш сетете се колку трае еден просечен филм или колку часови во просек минувате во седечка положба.

1
Според препораката на фондацијата за борба против рак на кожата, барем еднаш во месецот треба да ја прегледате кожата и да проверите дали имате некоја невообичаена дамка или младеж.

35
Во овие години треба да започнете со редовни лекарски контроли. Барем еднаш годишно посетете го гикенкологот, проверете ги градите и направете анализа на крвта. Исто така, после 35-тата година би требало да започнете со редовна контрола на нивото на хормоните на тироидната жлезда.

Oвие броеви нема да ви донесат добивка во игрите на среќа, но тие секако ќе придонесат да имате подобро здравје, а со самото тоа ќе направат да бидете посреќни!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1