Џорџ Озборн, министерот за финансии на Велика Британија, деновиве е во центарот на вниманието поради тоа што не знаел да одговори на едноставно математичко прашање.
Тој бил интервјуиран од група ученици, а едно 7-годишно момче го прашало едноставно прашање: „Колку е 7 помножено со 8“.
Наместо да даде одговор на прашањето, министерот изјавил дека негово животно правило е да не одговара на прашања од областа на математиката.
Поради ваквиот чекор, Озборн деновиве е мета на критики, а многумина сметаат дека е загрижувачки фактот што министерот за финансии не знае да пресмета едноставно множење.